ЧИСТЕЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ НА ПОДЛОГИТЕ

ЧИСТЕЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ НА ПОДЛОГИТЕ

Дали си нов корисник на производите на Ѕуница или си тука од првиот ден? Направивме практичен водич за тоа како се одржуваат производите на Ѕуница долготрајни, како и што се дизајнирани, како да ги чистите, како да се грижите за нив и како да ги складирате.

Навистина е лесно. 



СОВЕТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ и ОДРЖУВАЊЕ

- Чистете ги пологите со сува или влажна крпа.

- Слободно пребришете ги подлогите со влажни марачиња за бебиња.

- Употребувајте средство за чистење за нежни површини.

- Слободно намокрете ја подлогата.

- Не ја перете подлогата во машина.

- Не ја чистете подлогата со правосмукалка.

- Не користете средства за чистење со големо количество на хемикалии.

- Не ја оставајте подлогата влажна, за да не фати мувла.

- Внимавајте на подлогата при мокрење, убаво исушете ја пред диплење.

- Не користете пегла за израмнување на подлогата

- Ослободете се од згужваност со поставување на подлогата на рамна површина и на сонце или во сушара од 3 до 5 минути  на средна топлина.

- Бидете внимателни со ножици и остри предмети, бидејќи тие можат да ги оштетат подлогите и производите од Ѕуница.

- Бидете внимателни со кремите за сончање, бидејќи тие може да остават дамки од масло.

- Не користете акрилни бои, маслени бои, пенкала, маркери на подлогите.

 - При користење на креди и водени боици, веднаш ишчистете ги подлогите затоа што може да останат трајни дамки на истите.

 

СКЛАДИРАЊЕ

- Со закачување на подлогата на закачалка се овозможува лесна достапност, помалку брчкање и симпатичен декор на домот.

- Слободно здиплете ја подлогата, ставете ја во чанта, ранец или количка и носете ја секаде со вас.

- Поставете  ја вашата подлога во корпа, на полица, па дури и на масичка, како дел од вашиот дом декор.

- При складирање на подлогите не заборавајте убаво да ги исушите.



Постојат милион начини на користење на подлогите, ниту еден од нив не е точен или погрешен.

Назад кон блогот

Остави коментар

Ве молиме имајте во предвид дека коментарите треба да бидат одобрени пред да бидат објавени.