Ѕуница
МИДИ ПЛУС од А до Ш – подлога со македонската азбука, 125 × 125 см
За учење низ игра, за детски насмевки и за јазикот наш, јазикот убав. 31 буква, 31 збор, 31 мала приказна. Подлогата МИДИ ПЛУС од А до Ш ја претвора македонската азбука во простор за игра, откривање и први зборчиња. Од А како авион до Ѕ како ѕуница, секоја илустрација повикува на нова приказна.
Три девојки, два бренда, една азбука. Со Марија од Shop Frankly ги споивме нашите два света во една подлога. Секоја буква, збор и илустрација е рачно нацртана од Марија, а дрвените букви што ги изработуваме во Ѕуница го добија своето природно игралиште.


Нашата приказна
„Ѕуница“ се роди од желбата да го поедноставиме и разубавиме Вашето и наше секојдневие. Да создадеме приказна која ќе внесе практичност, убавина, едноставност и одржливост, без разлика дали е во домот и каде и да сме. Така ја создадовме Ѕуница - современи, повеќенаменски и практични еко подлоги.
МИНИ Азбука Кирилица Големи
Дрвени Броеви
МИНИ Броеви – повеќенаменска подлога

СИТЕ КОЛЕКЦИИ
-
Колекција Pastels
Инспирирани од боите на природата и пролетта што следи, колекцијата Pastels е...

ЗА ПОДЛОГИТЕ
Станува збор за двострани подлоги кои се изработени од 100% веганска кожа, којa како матерјал ги има сите придобивки што сакаме да ги има една бебешка подлога. Постојат три големини, многу бои, патерни и едукативни принтови!
Една подлога, а милион начини како може да се употребува. Ниту еден од нив не е точен или погрешен. Со нашата креативност, личното искуство и практичноста создадовме бренд и производи со кој ќе се олесни секојдневието на секој еден од нас, а воедно подлогите едуцираат и ни помагаат во развојот како на децата така и на нас!
Со ѕуниците се создаваат спомени. Подлогите се мултифункционални, лесни за оджување, немаат возрасни граници, едноставно се вклопуваат во секоја прилика и секаде.
Ѕуница семејство
Ние сме Ѕуница, ние сме семејство. Фотографиите кажуваат се!



