МИЛИОН НАЧИНИ НА КОРИСТЕЊЕ НА МИДИ

МИЛИОН НАЧИНИ НА КОРИСТЕЊЕ НА МИДИ

Нарачај МИДИ

 

Зошто МИДИ?

MИДИ е подлога за сите намени, микс од најдоброто во изгледот, чувството и функцијата.

Средна големина од 100 цм x 100 цм има максимално разновидна намена. Мидито е доволно големо и нуди простор за седење за целото семејство, а воедно е доволно мала и лесна за пренесување.

Кога ги прашавме нашите клиенти за омилените начини за користење на нивните МИДИ подлога, дополнително потврдивме колку е мултифункционална оваа подлога - направена да се употребува според потребите на секое семејство и нивните навики!

Омилени начини на користење на МИДИ:

Дома:

 1: Под столчето за време на шишање на децата.

 2: Како прекривка за маса за јадење

 3: Над душек кога децата имаат стомачен вирус

 4: На подот за време на капењето.

 5: Како килим на тераса.

 6: Како подлога по бањање на кучињата - за полесно сушење и помалку неред.

 7: Како подлога за играње која не се лизга и ги собира сите играчки

 8: Како подлога за влезот на вратата! Сезона на дождови/кал.

 9: Подлога за лазење која не се лизга и се лепи за паркет.

10: Подлога под цвеќињата за заштита од влага и капење.

Во движење:

11: Како облога во багажникот за да не се извалка тепихоѕ кога ставаме неуредни работи (земја за саксии, играчки за базен, нашиот ладилник кога сме на пикник).

12: Затемнета завеса за собата на нашето бебе кога хотелската соба е изложена на сонце. 

Надвор:

 13: Како подлога за под крпа за бебето на плажа.

 14: За Кампување! Како подлога во шатор и одлично место за поставување на вреќата за спиење за да ги гледате ѕвездите.

 15: Совршен чаршав за непријатни маси за пикник.

 16: Дефинитивно го користевме како семеен чадор при ненадејни дождови.

 17: При пешачење! Секогаш е убаво да се спуштаме и да ги ставаме нашите закуски надвор.

 18: Како заштита за облеката од полен. Моите алергии се доволно лоши само што сум надвор, не треба да носам полен цел ден!

 19: Нашите секогаш одат на брод со нас.

 20: Како подлога за гледање на фудбалски тренинзи! Удобно и суво!

Креативност и Хоби:

21: Како слика за позадина кога го фотографирате бебето.

22: За пресадување на растенијата кога надвор е сè уште студено.

23: При боење и цртање како подлгоа која го штити мебелот!

24: При било каква работа со хартија, конец, бои итн. многу лесно се чиси  и пак е спремна за употреба!

За време на игра:

25: Како подлога за било која игра и сите играчки на едно место.

26: За роденденски забави, за чај време и грицкалки.

27: Под сетилната маса на деца за најлесната игра.

28: За игра со ситни предмети и лесно собирање како инка за да ги истурите сите ситни парчиња назад во кофата.

29: Под детскиот базен во дневната соба за да можеме да си играат со вода во долгите зимски месеци.

30: Како наметка на суперхерој!

31: Како подлога за игра кога децата ги бањаат своите играчки!

32: Како подлога за седење при цртање со кред!

33: Како подлога за цртање преку неа со креда и водени боици.Нарачај МИДИ

 

 

Назад кон блогот

Остави коментар

Ве молиме имајте во предвид дека коментарите треба да бидат одобрени пред да бидат објавени.