Премини на информацијата за продуктот
1 од 5

Шаx - Sуница x Monkdolls VOL.2

Регуларна цена 2,500.00 MKD
Регуларна цена 1,900.00 MKD Цена на распродажба 2,500.00 MKD
На продажба Распродадено!

Sуница x Monkdolls VOL.2 - за оние што играат паметно и изгледаат добро додека го прават тоа.♟️

Ви направивме ШАX-MAT со МONKDOLLS  и го враќаме шахот во мода.

ЅУНИЦА ја направи подлогата. Фигурите? Кој ако не MONKDOLLS.

Што добивате?

Комплет спакуван во препознатлива Ѕуница торбичка, подготвен за носење и игра во парк, на патување, дома, во кафуле. Комплетот се состои од еко подлога, рачно изработена од 100% веганска кожа со принт Шаx и 32 фигури во 2 бои изработени од дрво - бука. Подлогата е со дименизи 37 цм. x 37 цм. Дијаметарот на човечињата е 2.6 цм. со висина од 4-7цм. Направени се од БУКА, 16 фигури во природна дрво боја и 16 фигури во темна боја.

Детали за производот

✔️ Еко подлога рачно изработена од 100% веганска кожа

✔️ Принт ШАX дизајн

✔️ Димензии на подлогата: 37 x 37 см

✔️ 32 рачно изработени фигури

✔️ Материјал: природно дрво – бука

✔️ 16 фигури во природна дрво боја

✔️ 16 фигури во темна боја

  • ✔️ Дијаметар на фигурите: 2.6 см

  • ✔️ Висина: 4–7 см

Секоја фигура е внимателно обработена, со минималистички карактер и препознатлив MONKDOLLS печат.

Зошто овој сет е различен од другите шаxoви?

  • Модерен дизајн

  • Одржливи материјали

  • Рачна изработка

  • Практичен и лесно пренослив

  • Лимитирана колекција VOL.2

Шахот отсекогаш бил интелектуална игра.

 


 

Материјал

100% веганска кожа

Димензии

37цм*37цм

Одржување

Бришење со сува или мокра крпа, влажни марамици или средство за чистење на нежни површини.
Не се пере и не се чисти со средство со големо количество на хемикалии.
Подлогата може да се намокри, но задолжително да се исуши темелно пред да се здипли.
За да се ослободите од згужваност, поставете ја подлогата на рамна површина и на сонце, или пак во сушара 3-5мин. на средна температура.

За полесно секојдневие

Една подлога, а милион начини за користење, ниту еден од нив не е погрешен или точен. Едноставен производ кој изобилува со практичност и олеснување на секојдневието на секој еден од нас. Мултифункционални, лесни за одржување и се вклопуваат за сечиј вкус и сечија потреба.

Погледни ја целата колекција