МИДИ ПЛУС од А до Ш – подлога со македонската азбука, 125 × 125 см
Не може да се вчита достапност за подигнување
31 буква, 31 збор, 31 мала приказна. МИДИ ПЛУС од А до Ш – подлога со македонската азбука, 125 × 125 см ја претвора македонската азбука во простор за игра, откривање и први зборчиња. Од А како авион до Ѕ како ѕуница, секоја илустрација повикува на нова приказна.
Барајте ги буквите заедно, именувајте ги цртежите и составувајте зборови. За учење низ игра, за детски насмевки и за јазикот наш, јазикот убав.
Една подлога, многу начини за игра
- Македонската азбука низ илустрации: 31 буква со зборови и рачно цртани илустрации од Марија, Shop Frankly.
- Двострана: илустрирана страна за игра и учење и страна без принт.
- 125 × 125 см: простор за игра дома, декорација во детската соба или пикник во парк.
- 100% веганска кожа: се чисти со сува или влажна крпа.
- Цената е за подлогата. Дрвените букви прикажани на фотографиите се продаваат одделно.
- Игра со букви: комбинирајте ја со дрвените букви од Ѕуница за барање, споредување и составување зборчиња.
Три девојки, два бренда, една азбука
Идејата тргна од нешто во што сите три веруваме: децата најубаво учат преку игра. Со Марија од Shop Frankly ги споивме нашите два света во една подлога. Секоја буква, збор и илустрација е рачно нацртана од Марија, а дрвените букви што ги изработуваме во Ѕуница го добија своето природно игралиште.
Детали и одржување
- Димензии: 125 × 125 см.
- Материјал: 100% веганска кожа.
- Две страни: едната со илустрација, другата без принт.
- Бришете со сува или влажна крпа, без агресивни хемиски средства.
- Сушете на воздух или накратко во машина за сушење на средна температура за да се исправат превиткувањата.
А, Б, В… ајде да си играме!
Материјал
Материјал
100% веганска кожа
Димензии
Димензии
125цм x 125цм
Одржување
Одржување


За полесно секојдневие
Една подлога, а милион начини за користење, ниту еден од нив не е погрешен или точен. Едноставен производ кој изобилува со практичност и олеснување на секојдневието на секој еден од нас. Мултифункционални, лесни за одржување и се вклопуваат за сечиј вкус и сечија потреба.
