Колекција: РОД
Оваа есен собираме РОД и создаваме простор за сѐ она што го посадивме од самиот почеток, го негуваме изминатите две и пол години, а сега и го дополнивме. РОД е комбинација од најпродаваните бои ПЕСОК, КАКАО, КАРАМЕЛА со есенска дополна од две нови нијанси ОВЕС и САНГРИА.
Инспирирани од есента која дава род, потикнати од нов живот кој ќе се РОДи овој Ноември едвај чекаме да се заљубите во новата колекција РОД и сѐ она што ни доаѓа до крајот на годината. 🤍
Колецијата РОД е посветена на негување, нов живот, мајчинство, верно пријателство, раѓање и собирање на плодови, а сме ги посадиле некаде таму со почетокот на пролетта на 2021 година. Низ годините работевме на нивно усовршување и подобрување и секоја година се одново и одново ги жнееме, собираме и предаваме на користење.